Close Menu
Press24
    Најново

    Објавени најнови информации за состојбата на Ивица Дачиќ

    01.03.2026 во 11:14

    МНР формираше кризен штаб: Се зголемува бројот на граѓани кои се обратиле за помош по ситуацијата на Блискиот Исток

    01.03.2026 во 11:08

    Важно за студентите: Започна пријавувањето за субвенциониран оброк, рокот е само 5 дена

    01.03.2026 во 11:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Објавени најнови информации за состојбата на Ивица Дачиќ
    • МНР формираше кризен штаб: Се зголемува бројот на граѓани кои се обратиле за помош по ситуацијата на Блискиот Исток
    • Важно за студентите: Започна пријавувањето за субвенциониран оброк, рокот е само 5 дена
    • Итна седница на советот за безбедност: Сиљановска-Давкова ги свика државниот врв и експертите
    • Од денеска крај за СМС-кодовите при онлајн плаќање, стапуваат во сила нови сигурносни правила
    • Мицкоски во Крива Паланка: Се пушта во употреба реконструираната обиколница
    • Времето денеска сончево и топло со температури до 16 степени
    • (ВИДЕО) Ужасни снимки: Дрон го погоди меѓународниот аеродром во Кувајт, има повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Приведен пред Онкологија: Изнудувач со закани барал 15.000 евра од жена

    Приведен пред Онкологија: Изнудувач со закани барал 15.000 евра од жена

    28.09.2025 во 10:231 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека во последните 2 месеца вршело кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик.

    Осомничениот, телефонски и преку пораки на различни апликации упорно контактирал жена во странство, и упатувал сериозни закани по нејзиниот и по животот на нејзините мајка и брат, доколку не му исплати 15.000 евра.

    На оштетената и дал рок до 26.09 за исплата на парите, па се договориле да му испрати 500 евра по Вестерн унион, што таа го направила на 17 септември. За исплата на дополнителни 4.500 евра требало да дојде во земјава и да му ги предаде пред Клиниката за онкологија.

    Кога пристигнала во земјава на 25 септември оштетената веднаш го пријавила. Штом дошол на договореното место да ги земе парите, осомничениот 37-годишник бил приведен.

    Имајќи ги предвид сите околности, опасноста од бегство, можноста да влијае врз сведоците и оштетените или да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Испливаа најнови информации за здравјето на Дачиќ

    27.02.2026 во 09:30

    Дел од строгиот центар на Скопје денеска ќе остане без струја цели осум часа

    27.02.2026 во 09:28

    Од денеска крај за СМС-кодовите при онлајн плаќање, стапуваат во сила нови сигурносни правила

    01.03.2026 во 10:39

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.