Вчера во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ч.Б.(34) од Тетово.
Во 15:45 часот, со судска наредба, извршен е претрес во домот и помошни простории, сопственост на Ч.Б. во Тетово, при што се пронајдени и одземени пиштол „екол“ калибар 9мм со една рамка со три куршуми, мобилни телефони, пет клучеви за стартување на возила, разновидни клучеви и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
- Инфлацијата и цените на енергенсите во фокусот: Македонската делегација на средба со ММФ
- Тошковски горд на полицијата: „ФБИ ја потврди професионалноста”
- Лажна вест ја крена Србија на нозе: Видеото со мечката што „го бркал“ возачот во Врање всушност е снимено во Русија
- Неколку скопски улици остануваат без вода – Проверете дали вашата е на списокот
- СДСМ го обвини Мицкоски дека го штити Тошковски: „Границата е швајцарско сирење“
- Дневен хороскоп: Овенот да размисли за последиците од одлуките, Рибите ќе отворат старо праѓање за љубовта
- „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова
- Наскоро продолжен викенд – Потоа само уште еден неработен ден до крај на 2026


