Вчера во 01:05 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Г.Ѓ.(51) од село Конопница, кривопаланечко.
Постапувајќи по претходна пријава дека во село Тлминци, кривопаланечко, управувал товарно моторно возило под дејство на алкохол, полициските службеници го сопреле возилото и по преземени мерки измерени му се 1,75 промили алкохол во крвта.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.