Приведен криминалец осуден на шест години затвор во струшко

Полицијата денеска во село Франгово приведе 54-годишен криминалец осуден на шест години затвор.

– Во 13:40 часот на улица „Димче Ковачески“ бб, во село Франгово, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, го приведоа З. Б. (54) за издржување казна затвор од шест години, информираат од МВР.

Лицето ќе биде предадено во казнено поправна установа за издржување на казната. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега