Приведен крадец во Скопје, одреден му е притвор

Полициски службеници од ЕВР Карпош денеска го лишиле од слобода Б.Б. (44) и против него е поднесена кривична пријави поради основано сомнение дека сторил четири кривични дела на територијата на Скопје, соопштија од МВР.

Од МВР појаснуваат дека Б.Б е осомничен за сторено едно кривично дело „кражба" предвидено и казниво по чл. 235 од КЗ на РСМ, едно кривично дело „одземање моторно возило" предвидено и казниво по чл. 242 од КЗ на РСМ и две кривични дела „тешка кражба" предвидени и казниви по чл. 236 од КЗ на РСМ.

Сторителот е изведен пред Судија за претходна постапка, кој му одредил мерка притвор во траење од осум дена, а пронајдените предмети, меѓу кои и едно возило, се вратени на оштетените лица.

17.06.2024 - 22:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега