Приведен крадец фатен на дело во Скопје, расчистени три кривични дела

Полициски службеници од Одделението за криминалистичката полиција при ЕВР Центар и Бит Пазар вчера на автобуска постојка на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје го лишиле од слобода скопјанецот Р.А. (43).

- Р.А. бил фатен при извршување џебна кражба, при што од јакната на В.Л. (76) од Чучер Сандево, скопско, одзел мобилен телефон. Исто така, тој бил баран и поради сомнение за извршени уште две џебни кражби на подрачјето на Скопје. Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР. 

24.03.2023 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа