Приведен крадец баран со потерница за казна затвор од една година

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска на ул. „Качанички пат“ во Скопје, на територија на општина Бутел, го лишиле од слобода А.Ш. (49) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба од Основен кривичен суд- Скопје за затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Како што информираат денеска од МВР, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. 

19.06.2024 - 13:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега