Вчера во 22:18 часот на автопат А1 кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30).
При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час.
Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Против лицето е поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
- Љутков од Разловци: Предолго живеевме со страв да не навредиме некого ако се сакаме себеси
- Серија апсења низ државата: Физички напади врз сопруги, дедо и малолетно девојче
- Насилство во скопско средно училиште: Средношколец физички нападнал соученичка која подолго време психички ја малтретирал
- Одлична вест: Евтината струја во текот на денот може да се зголеми на 5 часа
- Тешка несреќа на работа во Скопје: Скопјанка со тешки повреди итно пренесена на Ургентен по пад во ГАК Чаир
- Драма во Кондово: Татко нападнат со кундак од пиштол откако се обидел да ја спаси ќерката која ја држеле за врат
- Муцунски: Успешно го заокруживме претседателството со Јадранско-јонската иницијатива во Скопје
- Филипче: Какво може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот


