Вчера во 22:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.Ј.(38) од село Дреново, кавадаречко. Претходно, тој управувајќи патничко возило „лада“ со кавадаречки регистарски ознаки, во кое сопатник бил М.И.(25) од село Возарци и уште едно лице, а во кое превезувал и огревно дрво, на крстосница од булевар „Македонија“ и „Никола Минчев“ во Кавадарци, не застанал на знак за запирање, продолжил со движење и на крстосница од улиците „Гоце Делчев“ и „Цветан Димов“ во Кавадарци поминал на црвено светло на семафор.
По преземени мерки, полициските службеници ги пронашле возачот и возилото во село Возарци и по извршена контрола било констатирано дека возилото било нерегистрирано, В.Ј. го управувал пред да се стекне со право за управување од „Б“ категорија и поминал на црвено светло на семафор. Дрвата, кои биле без соодветна документација, со потврда биле одземени и предадени на шумска полиција.
Со сопатникот М.И. бил извршен службен разговор, а по насоки на јавен обвинител В.Ј. бил приведен во полициска станица, возилото било привремено одземено и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.
- Испливаа детали: Еве како Трамп издал наредба за напад на Иран
- Истрагата се шири: Уште една жена ќе биде ексхумирана во истрагата против 25-годишниот убиец од Куманово
- Трагедија на ГАК: Почина млада родилка неколку часа по царски рез
- (ФОТО) Сообраќајка на влезот во Скопје: Се судрија камион и автомобил
- СДСМ: Прегреа кујната на ВМРО пред доаѓањето на генералниот секретар на НАТО
- „Сејф сити“ не простува: Регистрирани се над 19.000 казни за еден месец
- Првите патнички летови полетаа од Абу Даби
- И ова е можно: Тетовчанка лажно пријавила дека маж ѝ нудел пари на нејзината ќерка за сексуални услуги


