Приведен дилер во Кичево, пронајден кокаин

Полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за внатрешни работи Кичево го уапсиле 39-годишниот И.Б. на 14.05.2022 во 22.50 часот.

При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кичево, пронајдени се кокаин, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја“, соопштија од полицијата.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

15.05.2022 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега