Приведен дилер од Радовиш

 

Полицијата вчера привела 31-годишен дилер од радовиш кај кого биле пронајдена марихуана.

-Вчера во Радовиш, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со ОВР Радовиш го лишиле од слобода В.Х.(31)од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле околу 300 грама марихуана, појаснуваат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2020 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега