Приведен дилер на дрога, баран со централна потерница

Во Скопје денеска околу 13.10 часот на ул.„16. Македонска бригада“ полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Ј.(32) од Скопје.

Како што соопштија од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка. 

24.07.2024 - 15:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега