Приведен бегалец од затвор, баран со потерница за доиздржување на над четири години затворска казна

 


Денеска во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен С.Б. (30) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР, а по наредба од КПУ Идризово поради бегство од затворот. С.Б. е осуден на казна затвор од седум години и шест месеци поради сторено кривично дело по член 215 ст. 1 од КЗ, а за доиздржување има четири години, три месеци и 12 дена.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. 

09.09.2024 - 11:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега