Вчера во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа лишен од слобода е С.Г.(52) од Струга по претходна пријава дека сторил кривично дело „ Спречување службено лице во вршење службено дејствие” по што упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 август, Денот на Републиката.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.


