Приватните превозници се враќаат во сообраќај, со ЈСП договориле исплата на 80% од долгот

Приватните превозници веќе се враќаат по линиите во главниот град. Приватниците се договорија со Јавното сообраќајно претпријатие.

Оливер Петрушевски, приватен превозник од пакетот автобуси кои денеска возеа редуцирано попладнево по средбата во дирекцијата на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда рече дека со претпријатието

договориле исплата на 80 отсто од долгот кон нив, односно, како што кажаа, префрлени им се средства во износ од 40 милиони денари.

-Автобусите од двата пакета, пакет 1 и пакет 3, кои сабајлево свртеа само една тура, сега се активираат од гаражите за да почнат да возат и да почнеме да ги опслужуваме граѓаните на Град Скопје. Сите линии од пакет 1 и пакет 3 се враќаат во нормала како што беа и претходно, рече Петрушевски.

Во моментов, приватниците и ЈСП преговараат за цената по изминат километар, што покрај долгот Претпријатието, беше причината за денешното редуцирано сообраќање на приватниците.

-Очекуваме на првата седница на Град Скопје ова да се стави како точка на дневен ред за советниците да може да одлучат дали ќе ги прифатат нашите барања за километарот да ни биде рентабилен со цел во иднина да може да го обновиме возниот парк и да може и возачите да ги плаќаме со подобра плата за да не ни бегаат“, додаде Петрушевски.

Негира дека протестот на приватните превозници има политичка позадина.

Претходно денеска од Град Скопје преку писмено соопштение соопштија дека јавниот превоз во главниот град функционира нормално, а оти сообраќаат и автобусите на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозници. Оттаму додадоа оти Градот и ЈСП немаат никакви заостанати обврски кон приватниците.

Инаку, од утринава приватните превозници од пакетите 1 и 3, односно пакетите во кои се опфатени линиите со броевите 23, 45, 61, 63, 73, 19, 20, 22, 52 и 54, возеа по редуциран возен ред.

pastedGraphic.png

pastedGraphic.png

 

02.09.2024 - 14:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега