Вчера во 11:00 часот на ул. „Народен фронт“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Т.С.(36) од Полска, затоа што кај него пронашле и одзеле дрога.
Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по чл.215 од КЗ, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од МВР.