Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вечерва му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа.

Стафа е осомничен за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“.

Притворот е определен на предлог на ОЈОГОКК, поради постоење опасност од бегство и можност Стафа да влијае врз сведоци и да ја попречи истрагата.

Според Обвинителството, Стафа во периодот од октомври до 13 декември 2025 година примил вкупно 50.000 евра.

Со парите требало да посредува и да го искористи своето влијание кај судија во Апелациониот суд Скопје за укинување на мерка притвор на лице кое е во бегство.

Првично барал 100.000 евра. На 6 октомври примил 30.000 евра, а на 13 декември примил уште 20.000 евра, по што бил уапсен.

Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен правобранител од 2018 до 2022 година. По разрешувањето, работел како адвокат и беше кандидат за член на Судскиот совет.

Exit mobile version