Притвор за важ и жена кои продавале хероин во Велес

 

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 39 и 36 години за кои постои сомнеж дека продавале хероин.

„Осомничените маж и жена, кои живееле заеднички како вонбрачни партнери, во својот дом држеле наркотична дрога – 94,18 грама хероин во повеќе различни пакувања. При претресот на домот, осомничената преку прозорецот од куќата надвор исфрлила дел од наркотичната дрога. Полицијата во куќата пронашла и други предмети кои укажуваат на намерата за илегална продажба на дрога – една дигитална вага, пари, тетратка со записи за неплатени долгови од лица и платежни картички на име на различни лица“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Затоа што постои опасност од бегство, на двете лица им беше одреден притвор од 30 дена.

04.11.2022 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега