Притвор за тројцата приведени за убиството во гостиварско

Во однос на вчерашното убиство во Гостивар, ОЈО Гостивар за трите приведени лица поднесе предлог до надлежниот суд за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа со цел обезбедување одредени докази.

По истекот на тој законски рок, обвинителството ќе извести за истражната постапка и новите мерки за обезбедување што ќе бидат предложени.

Согласно првичните сознанија, мотив за убиството се подолготрајни несогласувања и конфликти меѓу сторителите и жртвата, соопштија од ЈО. 

24.07.2024 - 17:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега