Српската полиција уапсила македонски државјанин кој во Белград лажно се претставувал како хирург и е осомничен дека измамил луѓе на кои им зел големи суми пари под познатата лажна приказна дека итно треба да оперира член на нивното семејство кој е тешко повреден во сообраќајна несреќа.

Полицијата го уапсила 42-годишниот државјанин на Македонија со иницијали А.К. веднаш откако жртвата му ги дала парите. Кај него биле пронајдени 16.650 евра и 150.000 динари (околу 1.200 евра).

Тој заработи притвор до 48 часа и се сомничи дека од ноември минатата година досега, на ист начин, заедно со лица по кои сè уште се трага, извршиле повеќе измами на територијата на Белград и незаконски прибавиле повеќе од 100.000 евра.

Exit mobile version