Притвор за четворица од приведените на саботниот протест на „Преродба“ пред зградата на Европската комисија во Софија
Софискиот окружен суд им одредил притвор на четворица од петте лица што се приведени за време на немирите што во саботата се случија пред зградата на претставништвото на Европската комисија и Европскиот парламент.
Малолетникот меѓу нив е пуштен на слобода и ќе го надгледува детската педагошка служба.
„На четворица од петмината осомничени за насилниот протест на партијата Преродба пред зградата на Европската комисија во Софија им е одреден притвор, додека еден е пуштен да се брани од слобода бидејќи и малолетник и постапката за него ќе оди преку други надлежни служби“, изјави денеска Петар Петров, пратеник од партијата „Преродба“ и адвокат на обвинетите.
Мотивите на судот за преземање на најстрога мерка кон останатите е опасноста да извршат уште едно слично кривично дело, пренесува Бугарската национална телевизија (БНТ).
Мерките се разгледувале зад затворени врати поради тоа што еден од обвинетите имал 17 години.
Одлуката на судот не е конечна и може да се обжали на 4 март.
Петров најави дека ќе поднесат жалба од второстепениот суд за одредените притвори на осомничените.
„Овој дел од пресудата што се однесува на четворицата обвинети ќе се жалиме во вторник во софискиот градски суд. Причините во барањето за превентивна мерка оти може да направат друго кривично дело на 26 февруари е апсолутно измевање на човековото право на луѓето да протестираат“, вели Петров.
Според адвокатот, пак станува збор за невини лица, меѓу кои има студент, и кои сакаат да продолжат нормално со своите животи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа