Пристигна нова пратка од „Фајзер“ – утре Грција ќе донира 20.000 вакцини

Пристигнаа нови 12.870 вакцини на Фајзер во Македонија.

Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe).

-Во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на Astra Zeneca. Оваа донација е многу значајна за нас. Голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос. Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек, велат од Министерството за здравство.

 

14.06.2021 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега