Вчера, 07.05.2026 година, околу 14:00 часот патрола на ЕУФОР, составена од припадници на армиите на Турција и Македонија, спасила патници од возило VW Голф 5, коешто изгубило контрола помеѓ 24-ти и 25-ти километар од магистралниот пат од Тузла, пришто излетало од коловозот и удрило во дрвја покрај каналот.
Автомобилот останал искосен и заглавен во каналот, а двајцата патници во возилото, маж и жена, биле делумно потопени во водата од каналот.
Откако ја забележале несреќата, војниците на ЕУФОР веднаш реагирале за да им помогнат на патниците кои се обидувале да излезат од возилото, од страв дека истото може подлабоко да потоне во водата или да се преврти. На помош им пристапиле исто така и група цивили кои помогнале во спасувањето.
Поради можни повреди, особено кај жената, за која се сомневало дека има преломи на коски, спасувачкиот тим на ЕУФОР постапил со претпазливост и со помош на скали, кои послужиле како импровизирани носила, внимателно ја извлекле жената од каналот за да се избегнат дополнителни повреди.
-ЕУФОР останува посветен на безбедноста на сите учесници во сообраќајот во БиХ. На овој начин им оддаваме признание на нашите припадници за нивниот брз одговор и ефикасна тимска работа во оваа акција за спасување на животи, велат од АРМ.


