Принцот Вилијам за Денот на вљубените бил со својата љубовница

 

Во продолжение на скандалите во британското кралско семејство, набргу откако принцот Хари ги објави своите мемоари, во кои разоткри доста непријатни работи за семејството, неколку портали и весници во Британија се осврнаа на нов скандал поврзан со принцот од Велс, Вилијам, кој воедно е и престолонаследник, тврдејќи дека Денот на вљубените го поминал со наводната љубовница, поранешна најдобра пријателка на сопругата Кејт Мидлтон.

И шпанскиот весник „Марка“ пренесува некои изненадувачки тврдења за личниот живот на принцот Вилијам, постариот син на британскиот крал Чарлс Трети. Весникот се повикува на британски портали, кои откриваат дека уште еден проблем создава клин меѓу Вилијам и Кејт во нивниот брак.

Според истите извори, Вилијам својот Валентајн го поминал со Роуз Ханбери. Тие биле видени како уживаат во романтична вечера заедно.

„Дејли мејл“ пред неколку недели објави дека Кејт била слушната како вели дека не очекува Вилијам да ѝ подари цвеќе на Денот на вљубените бидејќи тоа веќе не е традиционално за нив.

Оваа приказна потекнува од средината на 2019 година кога се појавија фотографии од Вилијам на вечерна средба со Ханбери, која до тој момент била најдобрата пријателка на Кејт. Фотографиите покажаа дека се многу блиски, па дури и се бакнуваат, што предизвика сугестии дека имаат афера.

Ханбери претходно работела како модел во истата агенција како Кејт Мос и сега има 35 години.

 

23.02.2023 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега