Принцот Филип пуштен од болница

Британскиот принц Филип (99), сопруг на кралицата Елизабета Втора, е пуштен денеска од лондонската болница каде се опоравувал по операцијата на срцето, пишува DPA.

Филип најпрво бил примен во болницата Кинг Едвард VII во Лондон на 16 февруари за, како што е соопштено од палатата, лекување на инфекција.

Потоа бил префрлен во друга болница во Лондон, Свети Вартоломеј, каде што лекарите ги извршиле потребните тестови и го оставиле под опсервација за проблеми со срцето.

На 5 март, принцот повторно бил пренесен во болницата Кинг Едвард VII, од каде што денеска е пуштен, пишува DPA.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека во автомобилот бил поставен бел екран за да се заштити високиот член на кралското семејство од новинарите.

Подоцна се појавија фотографии на кои се гледа како принцот седи на задното седиште во автомобилот.

Сè уште не е познато дали Филип ќе се врати во Бакингемската палата или во замокот Виндзор, 33 километри западно од Лондон, каде што престојува кралицата последните неколку месеци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.03.2021 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега