Прилично залади: Најстуденото место во Македонија утрово
Во Лазарополе и во Берово утрово најтопло со измерени 10 и 11 Целзиусови степени, додека најтопло е во Гевгелија со 21 степен.
На Попова Шапка измерени се 13 степени, 14 во Битола, Претор и Маврови Анови, 15 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Прилеп и Дебар, 16 Крушево, 17 степени во Скопје-Петровец и Струмица, 18 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Виница и Велес, 19 степени во Кавадарци и 20 степени во Демир Капија.
За изминатите 24 часа до 08 часот наврнат воден талог (во l/m2), како што информираа од УХМР, има
5 Дебар, 2 Лазарополе, 1 Берово.
Во текот на ноќта во најголем дел од земјава времето беше ведро, утрово е сончево, во крајните западни и источни делови со мала до умерена локална облачност. Дува слаб променлив ветер.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.
Максималната температура ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.
Максималната температура ќе достигне до 34 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа