Македонската Амбасада во Обединетите Арапски Емирати ги известува сите македонски државјани кои се наоѓаат во земјата дека во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на граѓани на релација Дубаи – Скопје.
Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за летот, Амбасадата апелира сите граѓани со неопходна и приоритетна потреба од евакуација да се пријават во најкус можен рок. Пријавувањето може да се изврши во Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби на телефон +971 56 441 7532 или преку е-пошта abudabi@mfa.gov.mk.
Досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници.


