Пријава за даночно затајување во Струмица: Обвинети фирма и управител

 


СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднел кривична пријава против правно лице од Струмица и Д.Ј.(37) од Кавадарци, управител на правното лице, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.

МВР денеска осопшти дека пријавените, во периодот од 01.12.2023 до 31.12.2023, имале обврска како даночни обврзници да извршат уплата на данок од личен доход на добивка од игри на среќа во износ од 626.457 денари, а во периодот од 01.01.2024 до 30.04.2024 имале обврска да извршат уплата данок на лични доходи по други основи во износ од 351.845 денари, но не ги уплатиле.

- Исто така, пријавените, за остварениот приход од приредување на игри на среќа во автомат клуб за периодот од 01.01.2024 до 30.04.2024 оствариле приход како разлика меѓу уплатите и исплатите за износ од 6.270.304 денари, на која пресметале, а не уплатиле 20% посебна давачка во износ од 1.254.061 денари, соопштија од МВР.

Со ваквите дејствија, пријавените го оштетиле Буџетот на РСМ за вкупен износ од 2.232.363 денари.

21.03.2025 - 12:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега