Прифатен предлогот за разрешување на Димова – на ред е управниот одбор, треба да ја потврди одлуката

Владата го прифати предлогот на вицепремиерот Љупчо Николовски за разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова. Како што велат од Владата, ваквата постапка ја овозможува член 23 од Етичкиот кодекс, според кој претседателот на владата може да побара политичка одговорност, односно барање за поднесување на оставка на носителот на извршна функција или предлог за негово разрешување.

-Му препорачува на Управниот одбор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност да ја разреши директорката Лидија Димова заради неетично постапување во извршувањето на нејзината функција со индиции за несодветно финансиско работење и за негрижа за одржѕувањето на имиџот на институцијата во јавноста-рече Душко Арсовски, портпарол на Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега