При претрес на дом на „Дижонска“ полицијата пронашла оружје одземено од овластени службени лица

По спроведување на истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против 38-годишен скопјанец кој го сторил кривичното дело –  Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Во домот на обвинетиот на улица „Дижонска“ во Скопје, на 26 јуни 2020 година, при вршење на претрес пронајдено е оружје – револвер ZASTAVA, калибар 357 Magnum и 6 куршуми. Огненото оружје, кое обвинетиот неовластено го држел, е одземено од овластените службени лица.

Со поднесување на Обвинителниот акт, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје  достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот,  поради опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега