Претседателот на Филипини ги советува граѓаните да ги чистат маските со бензин, посебно ако се сиромашни

Претседателот на Филипини, Родриго Дутерте ги советуваше граѓаните на државата своите маски да ги дезинфицираат со бензин, нагласувајќи дека не се шегува.

Слична изјава даде и минатата седмица, но тогаш експертите во земјата истакнаа дека тој се шегува. Здравствените власти ги советуваа граѓаните памучните маски да ги перат, додека пак хируршките да ги заменуваат по кратка употреба.

Меѓутоа, претседателот Дутерте денес ја повтори бизарната изјава, истакнувајќи: „тоа што го реков е вистина, одете на бензинска станица“.

„Критичарите велат дека „Дутерте е луд“. Ако јас сум луд, тогаш ти треба да бидеш претседател. Тоа што го реков е вистина. Доколку алкохолот не е достапен, посебно кај сиромашните, одете на бензинска станица и употребете бензин за дезинфекција. Не се шегувам, пробајте да влезете во мојот мозок“, изјави претседателот Дутерте.

Инаку, не постојат докази дека бензинот може да ги дезинфицира заштитните маски - долготраен контакт со бензинот може да биде штетен, а полевањето на запаливи течности може да предизвика пожар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.07.2020 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега