Претседателот на Европскиот парламент хоспитализиран поради пневмонија

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, изминатите неколку дена ги помина во болница поради пневмонија, изјави денеска неговиот портпарол Роберто Куиoо.

„ Претседателот на Европскиот парламент Сасоли беше пренесен во болница во Стразбур во средата, 15 септември. По лекарските прегледи било утврдено дека има пневмонија, и третманот започнал веднаш. Тој е во добра состојба “, изјави Куиoо.

Како резултат на тоа, тој отсуствуваше минатата недела кога шефицата на ЕУ, Урсула фон дер Лејен, го одржа својот говор за состојбата на Европската унија во парламентот – една од главните годишни ставки во политичкиот календар на блокот.

Тестовите за Ковид-19 биле негативни, откако 65-годишниот Сасоли се пожалил на треска.

МАКФАКС

20.09.2021 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега