Close Menu
Press24
    Најново

    Исчистена дива депонија во Маџир Маало: Собрани над 12 тони отпад, Герасимовски апелира за поголема одговорност

    25.03.2026 во 10:03

    Нереални сцени во Словенија: Армијата распоредена на бензинските пумпи низ целата земја

    25.03.2026 во 09:58

    (ВИДЕО) Украина во пламен, Путин започна жесток напад со беспилотни летала

    25.03.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Исчистена дива депонија во Маџир Маало: Собрани над 12 тони отпад, Герасимовски апелира за поголема одговорност
    • Нереални сцени во Словенија: Армијата распоредена на бензинските пумпи низ целата земја
    • (ВИДЕО) Украина во пламен, Путин започна жесток напад со беспилотни летала
    • Мицкоски: Ние сме една од првите влади во Европа која оди со намалување на даноците за бензините
    • ДУИ: Зошто се отпуштени пет Албанци од Министерството за односи меѓу заедниците?
    • На Попова Шапка најстудено, во Скопје најтопло – Искористете го сонцето, од утре пресврт
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе доживее дебакл, нивниот молк кажува се
    • СДСМ: Сѐ е поскапено, цените растат, а платите не мрдаат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Претседателката со божиќна честитка: Да ги отвориме срцата и заедно да градиме благосостојба

    Претседателката со божиќна честитка: Да ги отвориме срцата и заедно да градиме благосостојба

    06.01.2026 во 20:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање – Божиќ.

    Во својата порака, претседателката посака празничниот мир да влезе во секој дом.

    Претседателката истакна дека Божиќ, како ден на раѓањето на Спасителот, служи како инспирација за добрина и меѓусебна помош.

    „Од срце посакувам мирот божји да го завладее секој православен дом, исполнувајќи го со божјите добродетели. Рождеството Христово нè вдахновува со неизмерна љубов, потсетувајќи нè на давањето безусловена помош и утеха на сите на кои им се потребни“, вели Сиљановска-Давкова.

    И годинава, вели претседателката, божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела.

    „Да му се радуваме на животот и да придонесуваме за доброто на заедницата. Да ги отвориме ширум нашите срца за сите ближни, та, така сплотени во соборноста, да ја креираме и градиме благосостојбата на македонското општество“, вели Сиљановска-Давкова.

    Покрај до граѓаните, претседателката упати честитки и до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, како и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев.

    Честитката завршува со традиционалниот христијански поздрав „Христос се роди!“

    Претседателката денеска традиционално, во претпладневните часови, беше посетена од групи деца и млади од бадниковите поворки. Таа во духот на празникот ги дарувала со бадникови пакетчиња.

    Популарно

    Исчистена дива депонија во Маџир Маало: Собрани над 12 тони отпад, Герасимовски апелира за поголема одговорност

    25.03.2026 во 10:03

    Нереални сцени во Словенија: Армијата распоредена на бензинските пумпи низ целата земја

    25.03.2026 во 09:58

    (ВИДЕО) Украина во пламен, Путин започна жесток напад со беспилотни летала

    25.03.2026 во 09:46

    Мицкоски: Ние сме една од првите влади во Европа која оди со намалување на даноците за бензините

    25.03.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.