Close Menu
Press24
    Најново

    Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр

    30.10.2026 во 22:54

    САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија

    30.10.2026 во 22:41

    Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски

    30.10.2026 во 22:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Пронајдено човечко тело во кеса за ѓубре во Бруклин
    • Вучиќ: За пет дена срушија и уништија сè
    • Скокна цената на нафтата
    • Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Претседателката: Преговорите со ЕУ не смеат да отвораат идентитетски прашања

    Претседателката: Преговорите со ЕУ не смеат да отвораат идентитетски прашања

    25.12.2025 во 19:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска Давкова истакна дека националниот консензус за евроинтеграциите треба да се гради околу гаранции дека нема да се поставуваат нови условувања за земјата.

    „Консензус треба да има околу тоа дека не смее да има двојни стандарди за членството во ЕУ. Ние сме рекордери по уставни измени на барање на ЕУ, дури и името го сменивме без консензус, но не добивме ниту почеток на преговори. Консензус треба да има за тоа дека ако се повикуваме на принципи, тие треба да важат за сите. Ако Светот на Европа формирал суд за човекови права, пресудите треба да се спроведуваат“, рече Сиљановска Давкова во гостување на ТВ Канал 5.

    Таа нагласи дека е неопходно да се добие гаранција дека нема да се отвораат расправи за идентитетски прашања, кои се темелна вредност на ЕУ.

    „Националниот консензус треба да се изгради околу гаранциите. Мора да имаме некакви гаранции и има многу варијанти за нив. Не е точно дека не сме разговарале – сме разговарале. Нашиот преседан не е битен само за нас туку и за сите други кандидати за членство во ЕУ“, додаде претседателката.

    Сиљановска Давкова посочи дека високи европски претставници истакнале дека се потребни гаранции и дека штитот на ветото треба да се урива, но предупреди дека дури и земјите од Западен Балкан кои се најбрзи во процесот, можат повторно да се соочат со вето.

    Таа оцени дека претходната влада прифатило нешто што е спротивно на принципите и вредностите на ЕУ, како што е наведено во Преговарачката рамка и заклучоците на ЕУ.

    „Кога читате извештаите и евалуациите, гледате дека за Зелената агенда сме вреднувани исто како Молдавија, но таа добива средства, а ние не. ЕУ мора да најде решение кое ќе обезбеди гаранции и безбедносни механизми за нас“, рече Сиљановска Давкова, додавајќи дека било која членка на ЕУ, третина од пратениците или Комисијата може да покрене постапка против Бугарија за кршење на основните принципи.

    Претседателката заклучи дека ЕУ е практична и прагматична, но дека е важно да се обезбедат гаранции за Македонија во процесот на преговори, особено во контекст на мултиполарната и нестабилна меѓународна сцена.

    Прочитај повеќе

    Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски

    30.10.2026 во 22:37

    УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија

    30.10.2026 во 22:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.