Претрес во Ресен, пронајдени пушка и муниција, приведено едно лице

 

Денеска од страна на полициски службеници од СВР Битола -ОВР Ресен во Ресен и ресенско извршен е претрес во дом и простории кои ги користи 53-годишниот Б.Т. од Ресен, извршен со наредба од Основен суд Ресен, во врска со член 396 од КЗ, извести МВР.

– Имено, при претресот на две локации се пронајдени ловечка пушка без дозвола, како и 33 патрони муниција калибар 16мм, велат од МВР.

Б.Т. е лишен од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

 

 
06.09.2023 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега