Претрес во Битола, приведен дилер на дрога

Денеска во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Т.(37) од Битола.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, халуциногени печурки и предмети со остатоци од прашкаста материја.

А.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

23.07.2024 - 12:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега