Close Menu
    Најново

    „Знаеме како боли празното столче“: Потресно писмо од семејствата на загинатите во Кочани до Швајцарија

    02.01.2026 во 10:06

    „Мајски цвет“ во Тафталиџе ќе добие нов лик: Почнува реконструкција вредна 109 милиони денари

    02.01.2026 во 10:03

    Обвинение за трагедијата на „Гоце Делчев“: Најмалку 4 години затвор му се заканува на возачот кој го прегази велосипедистот Јорго

    02.01.2026 во 09:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • „Знаеме како боли празното столче“: Потресно писмо од семејствата на загинатите во Кочани до Швајцарија
    • „Мајски цвет“ во Тафталиџе ќе добие нов лик: Почнува реконструкција вредна 109 милиони денари
    • Обвинение за трагедијата на „Гоце Делчев“: Најмалку 4 години затвор му се заканува на возачот кој го прегази велосипедистот Јорго
    • Студот не попушта: Во Скопје -11, попладне дожд и снег
    • По трагедијата со 40 жртви: МНР и Здравство во координација – Македонија ги отвора капацитетите за настраданите во Швајцарија
    • Тага во Италија: 17-годишен голфер е првата идентификувана жртва во пожарот во Швајцарија
    • Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворање на нова градинка во Кочани
    • Поларно утро со -14 степени: Денеска студено и променливо, попладне пристигнуваат врнежи на запад
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Пресврт на судењето за „Онкологија“: Благодарна сум на доктор Нино Васев што мајка ми живееше толку долго со канцер тип 5

    Пресврт на судењето за „Онкологија“: Благодарна сум на доктор Нино Васев што мајка ми живееше толку долго со канцер тип 5

    22.10.2025 во 12:29
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На денешното рочиште за случајот „Онкологија“, во Основниот кривичен суд Скопје, сведочеше Татјана Соколова Ристова, законски застапник на пациентка која 13 години се лекувала на Клиниката за онкологија.

    Соколова Ристова пред судот изјави дека лекувањето на нејзината мајка започнало кај друг доктор, но поради лошиот однос, пациентката одбивала да продолжи со терапијата. Особено се противела на хемотерапија, стравувајќи од губење на косата.  По пренасочување кај доктор Никола Васев, таа започнала имунолошка терапија, која според сведокот, ѝ овозможила да живее со канцер тип 5 цели 13 години.

    -Мајка ми не сакаше да прима хемотерапија бидејќи не сакаше да ѝ падне косата. За цела среќа кај доктор Нино Васев се падна лекувањето и примаше имунолошка терапија. Благодарна сум на доктор Нино Васев што мајка ми живееше толку долго со канцер тип 5, изјави Соколова Ристова.

    Судењето е во фаза на доказна постапка, а денешното рочиште вклучуваше читање на докази од страна на Обвинителството кои, меѓу другото, вклучуваа списи од пронајдени лекови во канцеларијата на Васев.

    Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, заедно со уште двајца онколози Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката започна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина, по што судот ја осуди на две години условна казна затвор.

    Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба. Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

    Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка од ОЈО Сопје Ана Гоговска Јакимовска. Судењето продолжува на 5 ноември 2025 година.

    Популарно

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Тага во Италија: 17-годишен голфер е првата идентификувана жртва во пожарот во Швајцарија

    02.01.2026 во 09:38

    Хорор во регионот: Силна експлозија ОДЕКНА пред училиште

    30.12.2025 во 10:43

    Обвинение за трагедијата на „Гоце Делчев“: Најмалку 4 години затвор му се заканува на возачот кој го прегази велосипедистот Јорго

    02.01.2026 во 09:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.