Прескер: Се повеќе расте интересот кај македoнските граѓани за работа во Словенија

Словенија во првите десет месеци од годинава има издадено 3.688 согласности за единечна дозвола за престој и работа за македонски државјани, што е за 40 проценти повеќе од истиот период лани, ова беше истакнато на денешниот настан „Живот и работа во Словенија“ кој се одржа во Скопје.

На настанот присуствуваше и амбасадорот на Словенија во Макеоднија Грегор Прескер кој рече дека Словенија има голема потреба од квалификуван персонал, а заинтересираноста кај макеоднските граѓани за работа во Словенија е голем.

-Овој настан го организираме по вторпат токму поради големиот интерес на македонските државјани. Многу е важно на овој настан да ги инфомираме сите можни идни работници во Словенија за потребните услови. Присутни се сериозни фирми од Словенија кои ќе дадат точни, релевантни информации за вработувањата. Бараме добар квалификуван кадар, ние сме убедени дека таков кадар имаме во Македонија, изјави амбасадорот на Словенија Прескер.

Информира дека македонските граѓани најзаинтересирани се за работа во здравствените установи, домови за стари лица, градежништво и угостителство.

Главната координаторка на настаните за вработување од заводот за вработување на Словенија, Анка Роде, рече дека настанот го организирале на барање на самите работодавци од Словенија.

-Да не беше интересот толку голем немаше да идеме тука, од страна на работодавците добивме барање за повторно да се одржи овој ннастан со цел да добиеме висококвалификувана и мотивирана работна сила,истакна Роде.

Додаде дека заинтересираноста е видлива и кај студентите кои се уште не ни завршиле со нивните студии.

На настанот се претставија 30 истакнати словенечки работодавачи од цела Словенија, кои нудат можности за работа и живот и заедно вработуваат повеќе од 20.000 работници. Најголем дел од нив се од здравствената и социјалната заштита и градежната индустрија, а присуствуваа и работодавачи од повеќе области како производство, транспорт и складирање, технички дејности, угостителство.

Целта е претставување на тековните потреби на истакнатите словенечки работодавци, кои се соочуваат со значителен недостиг на кадар, обезбедување веродостојни информации за условите за живот и работа во нашата држава со цел да се обезбеди соодветна заштита на работниците дел од работната миграција, како и овозможување на индивидуално кариерно советување за сите баратели на работа.

Настанот се одржува во организација на Заводот за вработување на Република Словенија.

27.11.2023 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега