Препознајте и реагирајте: Овие знаци покажуваат дека имате емоционална депресија

Функционалната депресија нема статус на медицинска дијагноза, но претставува добар начин да се окарактеризираат луѓе со лошо расположение, ниска животна енергија и анксиозност.

Животот за овие луѓе воглавно изгледа вака – во надворешниот свет се продуктивни, многу успешни, а кога ќе заврши работниот ден, ги торшат сите внатрешни ресурси.

Пред сè ќе изберат да останат дома, отколку да одат на вечера со пријатели. Полесно им е да се вовлечат во кревет, бидејќи утре е нов ден. Така изледа личност со функционална депресија.

Повеќето од овие луѓе имаат дистимија, позната како трајно депресивно пореметување, депресија со низок степен, за која карактеристични се замор и недостиг на енергија.

Тие се често нерасположени, но не ја исполнуваат дефиницијата на класична депресија, која е потешка. Дистимијата воглавно трае две или повеќе години, но лицата кои ја имаат храбро се борат со неа и ретко зборуваат за тоа.

Дијагностицирањето е тешко, бидејќи е подстепен на класичната дпресија, па луѓето не ја препознаваат додека не дојдат до емотивно прегорување.

Дури и луѓето кои страдаат до повеќе степени на депресија, класичен, епизоден или губење на интерес за било што, можат да се сметаат за луѓе со функционална депресија.

Многу важно е да побарате соодветна стручна помош, бидејќи оваа состојба се лекува.

09.01.2023 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега