Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Газда Деко нуди имот од 200.000 евра како гаранција за укинување на притворот
    • Уште една трагедија во Грција: Туристка почина на плажа во Ханиоти
    • Трагедија во Грција: Маж почина по расправија за лежалка за плажа
    • Инспекција во Центар: Казни од по 1.300 евра
    • Трагедија во Македонија: Мртов маж пронајден на Шар Планина
    • Нови проекти во Крушево: Од инфраструктура до туризам и спорт
    • „Феникс“ 2026: Општина Центар бара предлози за најзаслужните
    • Млад Македонец загина во Италија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пренџов: Нашата политика е политика на заедништво, а не на поделби

    Пренџов: Нашата политика е политика на заедништво, а не на поделби

    31.10.2025 во 09:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисијата „Анализа“ на телевизија 24. Пренџов нагласи дека коалиционата соработка и заемната поддршка меѓу коалициони партнери се нормален дел од демократскиот процес, насочен кон заеднички успех и подобри резултати. Тој посочи дека постигнатите изборни резултати се историски и носат голема одговорност за иднината на државата. Основата на политичкото дејствување, според него, треба да биде заедништвото, еднаквоста и прогресот за сите граѓани, без разлика на националната припадност.

    „Во поглед на резултатите, во поглед на се што се случуваше ние можеме да имаме различни мислења различни ставови, тоа е убавината на демократијата. Но, она коешто е факт е тоа дека во 2021 година и во 2024 година и сега, со овие локални избори практично се освојуваат едни историски резултати највисоки резултати, се презема историски огромна одговорност во следниот период на Република Македонија и тоа се факти“, рече Пренџов.

    Пренџов истакна дека меѓусебната поддршка меѓу коалиционите партнери е нормална и очекувана во демократски процес. Според него, целта е заеднички успех и заемна поддршка.

    „Во поглед на тоа што се случува и коалиционата поддршка, којашто ние како коалиција заедно со Вреди, тоа ниту е чудно ниту е страшно. Тоа е нормално коалиционите партнери помеѓу себе се поддржуваат затоа што, на овие избори ние очекуваме да имаме близу околу 60 градоначалници, заедно со оние на ВЛЕН да имаме повеќе од 70 градоначалници плус градот Скопје“, вели Пренџов и додава:

    „Нормално е секаде онаму каде што ВЛЕН има кандидати, ние да дадеме поддршка, мислам дека секаде онаму каде што ние имаме наш кандидат, ВЛЕН да даде политичка поддршка, тоа е една демократија“.

    Пренџов нагласи дека управувањето на новата генерација политичари се темели на вредности на заедништво и еднаквост, со фокус на прогрес и подобри понуди за сите граѓани, без разлика на националната припадност.

    „Основата на управување на оваа генерација политичари се заснова на вредности коишто значат заедништво. Нашата вредност е на заедништво, прогрес за сите, да не гледаме којшто е по националност, да гледаме кој има подобра понуда за граѓаните“, истакна Пренџов.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ до Ахмети: Пресудите не се пишуваат во партиско седиште

    21.09.2026 во 09:26

    ВМРО-ДПМНЕ со критики до Филипче: „Граѓаните паметат што правеше СДСМ на власт“

    21.09.2026 во 09:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.