Од утре 13.02.2026 година (петок) претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
Во рамки на конференцијата, премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.
Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО алијансата.
Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.
На маргините на конференцијата, предвидени се средби со високи претставници на Европската Унија како и со шефови на влади и држави.
- 4 знаци на неуредна жена: тврди Кристијан Диор
- Петровска за 24 Анализа: Местото на сите пратеници меѓу кои и на Филипче денеска беше во Собранието
- Најлошиот петок 13-ти по 45 години
- Мицкоски: Нашиот фокус е консолидирање и економски раст на државата
- Нетанјаху призна: Израел стои зад ликвидацијата на врвните ирански нуклеарни научници
- Костадиновски: Да не се кратат платите- туку да се расчисти со судиите и обвинителите кои го валкаат образот на фелата
- 15-годишно момче пукало со пиштол кон врсник во Скопје, другар му само фрлал камења
- Вашингтон на „тенок мраз“: Како САД ќе одговорат на последната ескалација со Иран?

