Премиерот побара од политичките партии да го поддржат членството во ЕУ

Сите треба да се собереме во еден европски фронт со цел да ги донесеме одлуките кои што се потребни за влегување на државата во ЕУ, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во интервју за Сител Телевизија.
 
-Сите треба да се собереме во еден европски фронт со цел да ги донесеме одлуките кои што се потребни за влегување на државата во ЕУ. Јас имам разговарано и со канцеларот на Германија и со претседателот на Франција, и со претседателот на Европскиот совет, и со претседателот на Европската Комисија. Од сите страни доаѓаат јасни сигнали за отворена врата за членство на Северна Македонија во ЕУ. На нас е дали ќе однесеме одлука. За прв пат сега блокадата доаѓа од внатре. Затоа велам дека треба да си има храброст да се донесе одлуката затоа што некој друг ќе влезе наместо нас, рече Ковачевски.
 
Обединувањето во Европа во моментов е еден од клучните процеси кој се одвива, додаде Ковачевски. 
 
-Дали ние ќе бидеме дел од него, дали ќе бидеме први како што јас посакувам тоа сега зависи од нас. Зависи од одлучноста, од визијата на политичарите во нашиот Парламент да обезбедат европска иднина за граѓаните. Доста беше нашите граѓани со туѓи пасоши да одат да работат по Франција, Германија, веќе почнаа и по Словачка, Чешка, Полска што било незамисливо, само затоа што има таму поголем стандард. Бидејќи единствено разликата е што се земји членки на ЕУ и што по влегувањето имаат три пати поголеми плати, пазар од половина милијарда жители и имаат подобар животен стандард, рече Ковачевски.
03.10.2023 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега