Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Предлогот за конзул Адамовиќ е на амбасадорот во Србија и ги исполнува сите критериуми за дипломат

    22.02.2026 во 13:08

    Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?

    22.02.2026 во 13:06

    Рација во казино во Кичево: Пронајдена дрога, две лица завршија зад решетки

    22.02.2026 во 12:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ВМРО-ДПМНЕ: Предлогот за конзул Адамовиќ е на амбасадорот во Србија и ги исполнува сите критериуми за дипломат
    • Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
    • Рација во казино во Кичево: Пронајдена дрога, две лица завршија зад решетки
    • Бурна ноќ на патиштата: 18 лица зад решетки, санкционирани пијани возачи и рекордери во брзо возење
    • Товарно возило прегази возразна жена во Струга – возачот е уапсен
    • Кузеска: СДСМ е целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција
    • Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа
    • Пронајдени две угинати ретки птици во кавадаречко – дадени на обдукција
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Премиерот: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти – темата е измислена од СДС

    Премиерот: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти – темата е измислена од СДС

    15.12.2025 во 19:25
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    „Не, нема вистина“, порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија во вечерашното интервју во Тема на денот на ТВ Сител за пишувањата на британските медиуми за мигрантски кампови во државата.

    Премиерот Мицкоски истакна дека не само што нема вистина, туку не може да го разбере неодговорното однесување на СДС кои што шират паника и страв кај граѓаните.

    „И не само што нема вистина, туку јас навистина не можам да ги сфатам овие политички гимнастики кои што ги прави опозицијата кај нас од аспект на сеење страв и паника кај граѓаните. Тоа е неодговорно однесување“, смета тој.

    Мицкоски потенцираше Владите на СДС биле промигрантски, бидејќи во 2017 година на владина седница усвоиле и донеле Национална стратегија, и преку Министерството за социјална политика и труд и испраќале дописи до општините и барале соодветни места и локации каде што би се изградиле потенцијални кампови.

    „Од друга страна ги разбирам затоа што ова е тема на која што тие мислат дека внатрешно ќе се мобилизираат, иако ако се вратиме наназад во минатото ќе забележиме дека практично политиката која што тие ја воделе и нивните Влади, е токму промигрантска, односно луѓе кои што воделе политика на интегрирање на мигранти. И тоа јасно го кажува националната стратегија од 2017тата година усвоена и донесена на владина седница од страна на тогашното министерство за социјална политика и труд, и врз основа на таа стратегија тие праќаат дописи во општините за да бараат соодветни места и локации каде што би се изградиле потенцијални кампови односно живеалишта на лица кои што се странски државјани и кои што би се интегрирале, читај мигранти“, вели Мицкоски и додаде:

    „Од прилика тоа е накратко целата филозофија. Но во ред. Еве јас како што реков не можам да ги разберам за нивното неодговорно однесување, бидејќи сеат страв и паника кај одредена група граѓани. А од друга страна ги разбирам поради проблемите внатрешни кои што ги имаат во рамки на структурата. Но исто така не можам да ја разберам нивната пи-ар стратегија бидејќи ова ќе им се удри толку силно од глава бидејќи ќе дојде март, април, ќе дојде јуни 2026, 2027, и ќе нема мигранти. И тогаш што правиме? На изборите повторно ќе треба да излезе во 2028 година пред граѓаните со јасен концепт што сме кажале, што сме направиле итн.“

    Премиерот Мицкоски испрати порака до граѓаните дека нема никаков договор за прифаќање на мигранти, ниту пак како што рече тој ќе има такво нешто додека е тој претседател на Владата.

    „Сакам да испратам порака до граѓаните, дека таков тип на прифаќање, на мигранти, легални, илегални, бидејќи гледам сега семантика бараат во зборовите, кои што се било каков дел од договор дали со Обединетото кралство, или било каков друг договор не постои, ниту пак додека сум јас претседател на Владата ќе постои“, нагласи Мицкоски. Во однос на поднесената Резолуција во парламентот од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски нагласи дека сето ова што го кажал до сега е содржано во таа Резолуција и ги повика пратениците од СДС да ја поддржат Резолуцијата.

    „Ние денеска во парламентот доставивме Резолуција со која што јасно кажуваме дека сето ова кое што сега го зборувам во воведот е содржано во Резолуцијата, и нормално со осуда за неодговорното однесување на опозицијата, па еве нека ја поддржат“, дециден е Мицкоски.

    Популарно

    „Скопје се гради и ноќе за да се избегне колапс“: Ѓорѓиевски и Мицкоски на увид кај Рампа

    21.02.2026 во 23:01

    Меџити: Мастер планот за Чаир се преточува во реалност преку нови булевари и општински базен

    21.02.2026 во 16:01

    Семејна драма во живо: Вучиќ инсистираше на детали, жена низ солзи му призна на детето дека му е тетка

    21.02.2026 во 12:10

    Мицкоски: Доколку фирмата што ги ангажирала за работа во странство платила данок, граѓаните нема да треба да го сторат тоа

    21.02.2026 во 15:50

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.