Премиерот на Република Македонија, Христија Мицкоски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција која што се оддржува во Германија оствари средба со украинскиот претседател Влодимир Зеленски.

-Во Минхен остварив средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Разговаравме за актуелните безбедносни предизвици во Европа, за потребата од единство и солидарност, но пред сè за праведен мир.

Веруваме дека мирот мора да биде изграден врз правда, почитување на достоинството на народите. Само таков мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа.

Воедно, разговаравме и за продлабочување на соработката, економска размена и поддршка во процесите за напредок на државите. Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба.

Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот, партнер на стабилноста и поддржувач на праведниот мир, пишува во својата објава на социјалната мрежа на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

Exit mobile version