Премиерот на Словачка предупреди: Ако падне Украина, ние сме следни

 

Словачкиот премиер Едуард Хегер испрати силно предупредување за иднината на неговата земја во случај Русија да ја победи Украина. Хегер за време на панелот на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија рече: „Ако Украина падне, Словачка е следната“.

„Украина мора да победи“, рече Хегер на панелот на кој присуствуваа голем број европски политички и деловни лидери.

Словачкиот премиер ги критикуваше членките на ЕУ дека премногу се потпираат на руската енергија и ги повика европските лидери да „престанат да ги компромитираат“ нивните принципи кога имаат работа со Русија.

„Предолго ги продаваме нашите вредности за евтин гас и нафта. Компромисите со Путин предизвикаа војна во Украина. Зборуваме за агресивна војна во која луѓето масовно гинат. Украинците ја пролеваат својата крв за нашите вредности, за ние да не мораме“, рече Хегер пренесе „Си-ен-ен“.

25.05.2022 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега