Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежните работи за изградба на пречистителна станица во населеното место Кучевишка Бара, во рамки на Општина Чучер-Сандево.
Како што информира владината прес-служба, вредноста на проектот изнесува 129.717.440 денари.
По извршениот увид, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.

