Премиерот Ковачевски со честитка за 8 март: Одлучни и силни жени се двигатели на општеството

 
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски упати честитка по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, 8 март.
„Денеска го одбележуваме 8 март, Меѓународниот ден на жената, првиот од 365 дена борба за економска, политичка и социјална еднаквост на жените. Жените заслужуваат признание за нивната храброст, упорност, достоинство и борбеност на сите фронтови. И тоа не само на овој ден, туку секој ден“, истакна премиерот Ковачевски во пораката.
 
Потенцирајќи го значењето на улогата на жената, тој истакна:
„Целосно и безрезервно ги поддржувам во напорите за препознаеност на нивната безвременска улога во општеството, каде, рамо до рамо со мажите, остваруваат огромни успеси во различни сфери и со своите способности, вештини и квалитети ги бришат границите и препреките за наредните генерации. Одлучни и силни жени се двигатели на општеството! Честит 8 март!“, порача премиерот Ковачевски во честитката по повод Меѓународниот ден на жената, 8 март.

 

08.03.2023 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега