Премиерот Ковачевски на лидерска средба со претседателите на парламентарните партии

Денеска, со почеток во 12:00 часот, на покана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии.

Лидерската средба ќе се одржи во Кристалната сала, во Собранието на Република Северна Македонија.

Снимателите и фотографите ќе имаат можност да направат фотографии и видео инсерти на почеток на средбата. По завршувањето на средбата е предвидена изјава за медиумите на премиерот Димитар Ковачевски, која исто така ќе се одржи во Кристалната сала во Собранието.

Новинарите, снимателите и фотографите во Собранието на Република Северна Македонија е потребно да пристигнат најдоцна до 11:45 часот.

04.12.2023 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега