Премиерот го правда Претседателот по изјавата дека Бугарија е „живковистичка“ држава - „Не е толку искусен“

По изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека Бугарија е „живковистичка“ држава, и забелешката дека тој веројатно знае оти Тодор Живков повеќе од 30 не е на власт, Заев во интервју за бугарската агенција „БГНЕС“  го правда Пендаровски дека е пријател на Бугарија, иако не е толку искусен политичар како него. Но, вели Заев, тој целосно е посветен на пријателството со нашите соседи и со Република Бугарија и се разбира на интеграцијата во НАТО и во ЕУ.

„Верувајте, претседателот Пендаровски е пријател на Бугарија. Не е толку искусен политичар, како што е Зоран Заев. Нормално, затоа што работел со нашите претседатели Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, беше национален координатор за НАТО во мојата влада. Тој е сериозен општественик и е ангажиран целосно на пријателството со нашите соседи и со Република Бугарија и секако на нашата интеграцијата во НАТО и ЕУ. Некој пат, верувам дека и јас, не само тој, не сме доволно внимателни со зборовите. Ви кажувам отворено, дека во неговата душа и неговиот памет, е комплетно желбата и сонот за големо пријателство, кое го имаме, но треба да го доизградиме и тој е голем поддржувач на договорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија“, му одговори Заев на бугарскиот новинар.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега