Премиерката Брнабиќ вели дека ЕУ не прави ништо по прашањето со Косово

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ за ТВ Пинк изјави дека ЕУ не прави ништо по прашањето со Косово.

„Немам ништо добро да кажам за однесувањето на Европа, за однесување на ЕУ и пред семислам дека тоа (договорот од Брисел) е прашање на ЕУ. Нивниот потпис е на бриселскиот договор“ – потенцираше премиерката во својата изјава.

Во својот одговор посочи дека Бриселскиот договор бил јасно прекршен од Косово, бидејќи на северот не смее да има специјални единици на „Pocy“. Но, ниту после девет години, по тој договор не е формирана Заедница на српски општини.

Брнабиќ истакна дека „не само што толерира Бриселскиот договор да не се спроведува девет години, туку молчи за неговото јасно кршење“.

27.09.2021 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега